-Кубиш поднесе оставка, изјави дипломат, а неколку други дипломатски извори ја потврдија информацијата.

Не е наведена официјална причина за оставката, која доаѓа еден месец пред клучните претседателски избори во Либија.

Советот за безбедност на ОН неодамна се подели околу тоа дали да ја смени конфигурацијата на раководството на политичката мисија на светската организација во Либија, при што неколку членки повикаа местото на пратеникот да се премести од Женева во Триполи.

Според дипломатите, Кубиш не сакал да направи таков потег.

Кубиш, кој претходно беше пратеник на ОН во Либан, ја презеде функцијата пратеник во Либија во јануари.