Македонија доживеа уште еден пораз, а македонскиот народ уште едно понижување со изгласувањето на заклучоците по Информацијата за францускиот предлог, соопштија од СПМ.

Во продолжение соопштението

Социјалистичката партија на Македонија длабоко жали за овој ден, најтежок во современата македонска историја со повторното газење врз македонското достоинство и со суровото прекршување на македонската генеза и битие.
Нашиот македонски идентитет е предаден, нашата древна најсветла историја е продадена, нашиот македонски јазик, универзалниот простор и душата на нашето постоење, е избришан од потклекнати македонци по род во одроденото пратеничко мнозинство. Барајќи наводна светла иднина го згаснаа пламенот на македонизмот со што нанесоа невидено злосторство врз сопствениот народ.
Социјалистичката партија на Македонија предупредува дека после објавувањето на Протоколот со Бугарија, кога и да е, дополнително ќе се осознаат димензиите на велепредавството на властољубивата однародена социјалдемократска и аитимакедонска клика.
Социјалистичката партија на Македонија го потсетува македонскиот народ дека секогаш во време на најголемите предавства и кога било најтешко се раѓала внатрешна сила која не дозволувала да не напушти духот и вербата.
Така ќе биде и сега.
Социјалистичката партија на Македонија никогаш нема да го напушти својот македонски народ и до него упатува охрабрување за подготовка за заедничка борба за враќање на сите предадени посебности што не прават да сме поразлични од другите затоа што сме Македонци.
Оттаму, Социјалистичката партија на Македонија ги повикува сите здравомислечки луѓе, паметни и умни Македонци, патриоти со чисто срце во организирњето на македонски отпор за искоренување на злото и дивото месо во македонското ткиво и враќање на достоинството на народот. Како никогаш до сега потребно ни е единството и сплотеноста во заедничката борба за вараќање на Татковината Македонија на народот!