Сите загинати во несреќата биле на средна врата во обид за спас, немало ниту еден на седиштата- објаснува новинарката Патриција Кирова од Бугарија за ТВ21 и за неофицијалните причините според тамошните власти за несреќата за кои денеска пишуваат денеска и бугарските медиуми.
-Патот беше полеан со нафта. Автобусот се движел со 100 км на час и нема знаци на кочење. Несреќата настанала како резулатат на човечка грешка, истакна Васко Пиргов.
-Според првичните информации на бугарските медиуми имало гориво во автобусот кое е купено од Турција каде е поевтино отколку во Македонија и Бугарија. Тоа гориво се запалило и е една од причините за несреќата. Има информации дека автобусот кога влегол во заштитната ограда 50 метри возел без да сопре. Нема траги на кочење, што значи изгубил контрола над возилото. Кога влегов во банкината бил предизвикан пожарот, звукот кој се почувствувал во автобусот и го предизвикал изгорувањето на тие 45 луѓе кои биле натрупани во една од вратите, вели Патриција Кирова.
Останатите 7 кои се преживеани успеале да се спасат кршејќи ги задните прозорци на автобусот. Тие се во стабилна состојба и се враќаат за два дена во земјава. Еден од нив има скршеница според информациите на министерот за здравство Венко Филипче Возачот починал на лице место.
Има информација дека немало втор возач во автобусот што за пат од Истанбул до Македонија би требало да има уште еден возач. Ако едниот е уморен за да не заспие, другиот да го смени, додава Патриција Кирова.
Причините за несреќата премиерот Заев ќе остави да ги расветлат бугарските власти .
-Јас ќе оставам на бугарските професионалци да ги дадат на стручен начин анализите за несреќата, посочи Зоран Заев.
Иако имаше објави во медиумите дека местото на која се случила несреќата е „црна точа“ , сепак новинарката Патриција негира и вели дека станува збор за модерен нов автопат. Автобусот влегол во Бугарија од Турција во 21 часот, а несреќата се случила околу 2 часот по полноќ на автопатот „Струма“ на правецот Софија- Благоевград.