Интересот меѓу средношколците и студентите кон медицината се развива секоја година. Многу Македонци сакаат да се занимаваат со оваа наука, но тука  не гледаат иднина, затоа многумина по дипломирањето заминуваат во поразвиените земји. Тие тврдат дека тоа е поради подобрите плати и услови.

„Работната сила старее, а персоналот се намалува. Ја сум една од помладите, а имам 50 години и 32 години сум акушерка на Клиниката за гинекологија и акушерство за интензивно лекување и терапија, вели Тања Трајковска

И другите балкански земји го имаат истиот проблем како Македонија. Високообразованите, вработени по 10 години даваат отказ.

Хрватската медицинска сестра Зорица Ковач жали за заминувањето на најпродуктивните вработени.

„Мене ми е многу тешко затоа што на некој начин поразвиените земји  ги крадат медицинските сестри од оние кои не можат да си ги дозволат“, вели шефицата на Комората за медицински сестри и акушерки, Моника Ајман.

На денешниот регионален состанок на Македонското национално здружение на медицински сестри беа акцентирани прашањата на медицинскиот персонал. За да го задржат персоналот, тие предложија да се подигне социјалната и финансиската состојба, да се подобри квалитетот на образованието и да се вреднува нивната работа.

Извор: Telma