Успешно е спречен хакерскиот напад на кој беше изложена интернет страницата на ТТК Банка, соопштија од Банката.
Имено, на 22 февруари, во вечерните часови беше направен обид за хакерски упад на интернет страницата на ТТК Банка. Благодарение на ефикасната заштита на системот и брзата реакција, интернет страницата по краток прекин, брзо беше вратена во функција и беше повторно достапна. Нема последици од нападот. Случајот е пријавен во МВР. ТТК Банка останува во постојана и тесна соработка со стручни лица за спроведување на законите со цел за спречување на вакви настани во иднина, велат од ТТК Банка АД Скопје