Полициска интервенција спречи обид за самоубиство
Полициски службеници од СВР Тетово денеска, спречиле обид за самоубиство и спасиле 23-годишна девојка која сакал скокајќи од прозорец на мотел во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил околу 14:35 часот по пријава од Л.К., 48-годишен маж од тетовскиот регион, кој во полиција изјавил дека девојката, по расправија со него, одбива да го напушти мотелот.
Кога полицијата пристигнала на местото, ја затекнала девојката како стои на работ од прозорецот, држејќи остар предмет и заканувајќи се дека ќе скокне или ќе се самоповреди.
Притвор за осомничениот, повреден полицаец
По наредба на јавен обвинител, полицајците ја разбиле вратата од собата и ја спречиле девојката да се повреди. Таа веднаш била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош.
Во текот на акцијата, еден полициски службеник се здобил со полесни повреди. Л.К. бил веднаш лишен од слобода под сомнение за посредување во проституција, дело казниво по член 191 став 2 од Кривичниот законик.
Според информациите од Основното јавно обвинителство Тетово, осомничениот во последните два месеци организирал средби помеѓу клиенти и девојката, која е државјанка на Косово. Таа била сместена во неговиот мотел и вршела сексуални услуги за пари, при што најголемиот дел од заработеното му го предавала нему.
Девојката во транзитен центар, се води истрага
По инцидентот, 23-годишната девојка е сместена во транзитен центар за странци, каде ќе остане до завршување на постапката. Против осомничениот Л.К. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по завршување на истрагата.
Полицијата и Обвинителството преземаат понатамошни дејствија за утврдување на сите околности околу случајот.