Државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Џерлек изјави дека „состојбата е сè уште загрижувачка, без оглед на охрабрувачките вести оти по девет недели е забележан пад на бројки, но немаме многу импресивни аргументи што ќе ни овозможат да се опуштиме“.
-Нема опуштање, потребна е претпазливост, вирусот е таму, нашата недисциплина му олеснува да најде незаразени луѓе и да преживее, му овозможува да мутира, што може да биде многу непријатно, вели Џерлек.
Џерлек вели дека и пропусницата за ковид и продолжениот распуст довеле до смирување на ситуацијата.