Вториот круг од локалните избори во Косово се одржа вчера. Владејачката партија на Курти е поразена во Приштина, каде што за градоначалник е избран опозицискиот кандидат Перпарим Рама, архитект образуван во Велика Британија. Според првичните резултати од вчерашното гласање, Рама од Демократската лига на Косово го победи поранешниот министер за здравство Арбен Витија од Самоопределување, освојувајќи 51 отсто од гласовите.

Како што пренесуваат косовските медиуми, Курти рекол дека тоа, всушност „резултат на некои луѓе“ и најавил дека ќе соработува со сите градоначалници, независно од која политичката партија доаѓаат. Тој рече и дека незадоволителниот резултат на неговата партија произлегува од некои внатрешни недостатоци во Самоопределување.

Косовскиот премиер им честиташе на победниците во вториот круг на изборите.

Точно девет месеци по победата на парламентарните избори, Самоопределување доживеа неуспех и во вториот круг од локалните избори во земјата, освојувајќи само четири општини или само една повеќе од претходните локални избори во Косово, во 2017 година. Самоопределување победи во Гњилане, Каменица, Подуево и Штимље, а во вториот круг од локалните избори во Косово кандидатите на партијата беа поразени во осум општини – Призрен, Ѓаковица, Качаник, Раховец, Вити, Косово Поље и Обилиќ.