Средба на Мицкоски со коалицијата Вреди. Вечерва во Владата се одржува средба на премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Вреди (Влен), објави Нетпрес.
Разговорите продолжуваат: Заврши средбата Мицкоски-Таравари
Засега нема информација за темите за кои ќе се разговара на состанокот. Средбата доаѓа по најновите случувања во коалицијата Вреди. Откако претседателот на крилото на Алијансата за Албанците Арбен Таравари најави дека на следните локални избори ќе настапува самостојно наместо намерите на коалицијата да се оди со заеднички кандидати и листи.
Кон крајот на април коалицијата ВРЕДИ најави мораториум на сите јавни политички активности на партиите што ја сочинуваат. Соопшти дека отсега ќе делува како единствен политички субјект. Тогаш Изет Меџити од Демократско движење, уште еднаш рече дека Владата е стабилна и дека нема потреба од предвремени парламентарни избори.
Извор: Нетпрес