Карен Донфрид при тоа разговарале за билатералните односи меѓу двете земји, соработката во НАТО, eвро-атланските перспективи на Република Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот.
-САД е наш долгогодишен стратешки сојузник и партнер. Како сојузници во НАТО, фокусирани сме да ги зајакнеме односите во областите на безбедноста, одбраната, демократското функционирање на институциите, борбата против глобалниот тероризам, слободната пазарна економија и да ги прошириме можностите за деловните активности на двете земји, истакна министерот Османи, соопшти МНР.
Министерот Османи, се додава, нагласувајќи ја важната улога на САД во постигнувањето долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на нашата држава и регион, се заблагодари за континуираната, цврста поддршка од САД на остварување на евро-атланските аспирации на Република Македонија.
-Соговорниците заемно ги оценија билатералните односи меѓу двете земји како исклучително блиски, засновани на стратешко партнерство и соработка, и се договорија во претстојниот период посветено да работат за натамошно унапредување на дијалогот и соработката во сферите од заемен интерес, стои во соопштението