Република Северна Македонија сите политички сили, интелектуалната елита, академската средина, младите, медиумите, невладините организации и граѓаните во целина треба да се обединат околу една и единствена заедничка платформа за да се забрза процесот на евроинтеграциите со цел земјата што побрзо да стане полноправна членка на Европската Унија.
Ова е заедничка констатација на денешната средба на Советот на амбасадори во состав Мухамед Халили, Ѓорѓи Филипов, Илјас Сабриу, Ивица Боцевски и Азиз Положани со поранешниот претседател на Републиката, Ѓорге Иванов.
Како што е наведено во соопштението од Советот на Амбасадори, за време на средбата беа разменети мислења за политичките и економските состојби во регионот, евроинтеграцијскиот процес и уставните измени.
Денешната средба, како што велат од Советот на амбасадори, е во рамките на нивните редовни средби и консултации со политичките личности и институции на земјата.