– На средбата беше потенцирано значењето на македонската иселеничка заедница во Канада, која претставува мост за унапредување на врските меѓу двете држави и беа презентирани резултати од реализирани акции на МВР во повеќе значајни сфери и тоа во делот на борбата против организираниот криминал и корупција, борбата со миграција,борбата против тероризмот и сајбер криминалот, напиша Спасовски.

На средбата, како што стои на Фејсбук профилот на Спасовски, од страна на амбасадорот Норман биле потврдени заложбите и поддршката од негова страна во сферите од интерес за министерството, но и за Република Северна Македонија.