Кратко пред почетокот на Пленарната седница за пратенички прашања Заев и Џафери разговараа за сите процедурални аспекти на функционирањето на Собранието.
-Наша заедничка констатација е дека парламентарната дебата останува во Собранието помеѓу пратеничките групи и претставниците на политичките партии и тука треба да продолжи и да се изнајде соодветно процедурално решение за продолжување на работата на Собранието. Тоа е така затоа што, наша заедничка констатација е дека Собранието е институција на граѓаните и е подеднаква обврска како на пратениците од власта, така и на пратениците од опозицијата, во контекст на учеството во работата на Собранието согласно Деловникот за работа. Со надеж дека ќе продолжиме со редовните и ад хок координации, мислам дека ќе ги најдеме потребните заеднички решенија во корист на граѓаните, за да продолжи со работа Собранието и да ги исполни барањата на граѓаните во контекст на кризата и последиците од кризата врз животот на граѓаните воопшто, се вели во соопштението од собраниската прес-служба.