Конкретно тој одговараше за случаи поврзани со министерката за образование Мила Царовска и за разрешениот директор на струшката болница.

-Во однос на прашањето што беше за министерката Мила Царовска, во конкретниот случај со ингеренциите што ги имаме како Влада не е констатирано прекршување на ниту една одредба од новиот Кодекс за однесување на функционерите, а како што знаете во секој еден случај кога имаше потврда низ постапка, кога имаше прекршување имаше и разрешување на носители на функции. Но, помина и времето кога почитувани пратеници кога институциите не смееа имињата да им ги споменат на некои функционери, министри или на некои блиски луѓе на власта а не па да влегуваат и да бараат документи и да истражуваат како што тоа денес се случува во рамки на сите институции, а беше потврдено и од страна на премиерот, рече Николовски.

Вицепремиерот истакна дека тој не може да покрене истражни дејствија, кога поделбата на власта е јасна.

-Мислам дека тоа треба да го знаете пред да влезете и да се кандидирате за пратеник, рече Николовски.

Во однос на сучајот со сега веќе разрешениот директор на струшката болница Асани, вицепремиерот кажа дека пред ВМРО-ДПМНЕ да каже „еден збор“ за овој случај како заменик претседател на Владата во чија надлежност е примената на Кодексот за однесување биле покренати соодветни постапки, пред кој било медиум и новинар и опозицијата тоа да го изнесе.

-Прв сум којшто излезе за овој случај и кажа и побара Државниот инспекторат за здравствена заштита да ги спроведе сите контроли и веднаш експерно од 24 часа беше издадено решение за забрана на просториите каде што се одвивале нелегално дејствијата или работата на ординацијата. Беа покренати постапки од надлежните институции а под наша координација за да се покренат и да се информираат јавните обвинителства и сите оние кои се месно и стварно надлежни да реагираат. И тоа е завршено. И се спроведе постапка преку Министерството за дравство и се донесоа решенија за смена на директорот, рече Николовски.