Од страна на кабинетот на Претседателот на 27 април е распишан оглас на Бирото за јавни набавки за набавка на патничко моторно возило. Од кабинетот не е објавена проценетата вредност на автомобилот.

 

Според бараните карактеристики кои се објавени во тендерската документација се бара автомобил со 7-степен автоматски менувач, тонирани стакла, камера за паркирање и многу други карактеристики според кои може да се дојде до заклучок дека станува збор за луксузен автомобил. Овој автомобил само се додава на листата на скапи набавки што ги врши оваа влада за време на економска криза во државата.