Средношколски глас во името на многу средношколци и нивните родители ширум Македонија остро реагира на игнорантскиот однос на министерката Царовска!
По денешната средба со средношколски и студентски организации нашиот глас повторно остана неслушнат иако со фанфари беше презентирана “грижата” за студентите и учениците преку стипендии!, реагираат од Средношколски глас преку нивната Фејсбук страница.
Министерке Царовска, одлична е стипендијата која секако ќе пополне една дупка од нашиот месечен буџет, но ве повикуваме да прошетате по ученичките и студентските домови да ги видите условите во кои ние живееме!
Доста е од популизам, први септември е за месец дена, фатете се со вистинска работа!
Доста е поделба од подобни и неподобни организации, тоа нема да ги реши нашите проблеми!
НИЕ ова не го заслужуваме!, стои во реакцијата на Средношколски глас.