Од иницијативата „Средношколски глас“ денеска пред МОН ги претставија нивните барања. Велат дека доколку ресорното министерство не ги земе предвид, уште помасовно ќе ја бојкотираат наставата и ќе излезат на улица.

-Бараме да се организира јавна расправа за предложениот закон, каде што ќе сослушани сите страни како и стручни преттавници кои непосредно би учествувале во неговата ревизија и интервенција на законскиот текст. Ваквиот начин за промени во образованието, не ги решава проблемите туку создава нови, велат од „Средношколски глас“.

Во меѓувреме, неколкудневниот бојкот е прекинат, поради ветувањата на претставниците на МОН дека ќе ги разгледаат барањата на родителите кои очекуваат до понеделник повик за повторна средба. Доколку тоа не се случи, масовно ќе протестираат.

Бараме:
1. Враќање во училишните клупи.
2. Откажување од концептот за дигитализација.

Во спротивно бојкотот ќе продолжи со уште поголем интензитет.

Posted by Средношколски Глас on Friday, May 7, 2021