Ваквата препорака ја соопшти Министерот за здравство Венко Филипче, а следи по барањето на тетовскиот општински кризен штаб.
Како ќе се одвива наставата по овие неколку недели во овој регион дополнително ќе се одлучува, но според Филипче охрабрува тоа што се забележува дека има намалување на бројките.
Според статистика за изминативе три недели, објавена од страна на Министерството за здравство над 14.000 лица, односно дури 83% од заразените не биле вакцинирани, а околу 17% биле целосно вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 89%, додека само 11% од сите моментално хоспитализирани пациенти се вакцинирани со две дози. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
Во период од три седмици на територија на државата починале 276 лица со Ковид 19, 246 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 30 (10%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.