Ѓерлек за Блиц изјави дека државата се има направено и прави се за да ги заштити своите граѓани, но дека не може сама, и дека е неопходна поголема колективна одговорност, односно дека е потребно граѓаните да се вакцинираат во што поголем број и да се подигне колективниот имунитет.
– Сега ни требаат 80 отсто вакцинирани. Ќе бидам искрен, сериозно се размислува за ковид пропусниците, за кои очекувам дека ќе се дискутира на следната сесија. Исто така, ќе се намали и дозволениот број на луѓе на собири, изјави Ѓерлек.
Тој додаде дека не се согласува со оценките дека се работи за дискриминација, дека невакцинираните треба да се одделат од вакцинираните, бидејќи државата веќе покажала дека не е за дискриминација штом дозволила вакцинацијата да биде доброволна.
– Она што би било потребно е или да сте вакцинирани, или да имате прележано ковид, или само да дадете некаков доказ дека не сте заразени, тоа е сè, кажа Ѓерлек.