Зградата на Железничката станица во Нови Сад била отворена иако одредени работи сè уште биле во тек и за тоа не било известено Одделението на Републичката градежна инспекција. Вака може да се заклучи според кривичната пријава против српскиот министер за градежништво и транспорт Горан Весиќ и неговата заменичка Анита Димоски која била задолжена за надгледување на проектот за реконструкција, доградба и адаптација.

Српска Нова пишува дека зградата на железничката станица во неколку наврати е реновирана, а иако властите од самиот почеток на трагедијата во Нови Сад тврдеа дека натстрешницата не е во изградба, судејќи по кривичната пријава против осомничените, на објектот се работело.

„Дека не е извршен технички преглед на објектот и дека за наведениот објект не е издадена употребна дозвола, како и заради примена на една или повеќе мерки од надлежност на Одделението за републичка градежна инспекција, иако знаеле дека градежните работи сè уште се во тек, истите до 5 јули 2024 година не биле регистрирани од инвеститорот „Инфраструктура железнице Србија“ а.д. Белград, пред почетокот на работите согласно Законот за планирање и градење“.