Сојузот на синдикатите на Македонија очекуваат на денешната средбата во владата да се прифатат барањата за зголемување на минималната плата и исплата на К-15 за јавниот сектор.

Работниците очекуваат позитивен одговор на предлогот на ССМ за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати согласно колективен договор, како и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор.

Потребно е зголемување на платите, а тоа го покажува и анализата на еминентните професори која покажува дека зголемувањето на минималната плата нема негативен ефект врз фирмите и не влијае врз намалувањето на нивната профитабилност. Напротив, со растот на платите на вработените, кај нив се зголемува мотивацијата, а со тоа и продуктивноста, велат од ССМ.