Менталните болести, потребата и побарувачката за психолошки услуги се на највисоко ниво на сите времиња – посебно кај децата, вели психолгот, д-р Ана Чучкова професор на Факултетот за психологија при МСУ.
Целата ситуација околу носењето маски во училиштата, дезорганизираност, несигурноста во носење на решение во врска со ова прашање, создава кај децата конфликт.

Последната година се забележуваат и зголемување на панични напади, опсесивни застрашувачки мисли и опсесивни –компулсивни нарушувања кај се помладата популација, додава Чукова.
За да се сочува менталното здравје кај децата, професорката апелира до надлежните итно зголемување на бројот на училишни психолози, обуки за секој наставник, обуки за емотивно здравје и врз децата. Долгорочно решение е и вградување на менталното здравје во училишните програми.

Лидер: Веќе втора година наставата во училиштата се одвива според ковид протоколи. Најголема дилема за властите е како ќе се организира наставата, онлајн, со физичко присуство со или без носење на заштитни маски. Според Вас дали креаторите на политиките го изоставаат она најважното, а тоа е менталното здравје на децата? Што се превзема по однос на тоа прашање?

– Минатото јасно ни покажува дека секоја кризна состојба носи со себе последици, не само на физичкото туку и на менталното здравје.
За жал , проблемите со менталното здравје потешко се детектираат. Многу често не се појавуваат само додека трае кризната состојба туку кога ќе заврши.
На пример , Меѓународната невропсихијатриска организација направи мини – интервју на лица од Балканот, погодени од војна. Истражувањето е направено во Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Република Македонија и Србија, со цел да се види преваленцата на нарушувања на расположението, анксиозноста и употребата на супстанции. Резултатите се слични и со други истражувања од други држави, т.е. нарушено расположение, депресија, анксиозност и еквивалентно се темелат на преживеани трауми од кризи.

Како што се приближуваме со две полни години во криза т.е. пандемија, менталните болести, потребата и побарувачката за психолошки услуги се на највисоко ниво на сите времиња – посебно кај децата. Само за илустрација пред КОВИД-19, податоците од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) открија дека 1 од 5 деца има ментално растројство, но само околу 20% од тие деца добивале грижа од давател на ментално здравје.

Без разлика дали децата се соочуваат со траума поради нивна злоупотреба или губење на член на семејството или секојдневна вознемиреност за и околу вирусот со своите непредвидливите рутини, ним им треба уште поголема поддршка и тоа токму сега, а сето тоа во услови на позначителен недостиг на ресурси за ментално здравје на децата.

Училишните психолози, кои се во во недостиг, ги оставаат децата без доволно поддршка на училиште. Националната асоцијација на училишни психолози (NASP) препорачува сооднос од 1 училишен психолог на 500 ученици, но тековните податоци на NASP проценуваат потреба од сооднос од 1 на 1.211 ученици.

Пандемијата, само “помогна” во влошување на постоечките разлики во услугите за ментално здравје. Техничкиот извештај од 2020 година, дека учениците на кои најмногу им е потребен пристап до училишните услуги, особено оние со пониско социо-економско потекло, имале пониски стапки на советници и училишни психолози во нивните училишта.
Ние, психолозите постојано бараме финансирање и спроведување дополнителни долгорочни решенија за решавање на проблемите со менталното здравје откриени и влошени од пандемијата, од вградување на менталното здравје во училишните програми до обука на наставниците за превенција. Стратегии за поддршка на учениците засновани на психолошка наука.

Лидер: Како влијае “корона“ образованието врз психичкото здравје на децата? Дали се забележани одредени промени врз однесувањето на децата? Дали носењето на маски стана нормална појава кај децата или создава страв и паника?

-Целата ситуација околу носењето маски во училиштата, дезорганизираност, несигурноста во носење на решение во врска со ова прашање, создава кај децата конфликт. Секое дете различно реагира на промената на рутината во зависност од реакцијата на родителите. Децата на родители кои се сигурни во својот избор за благосостојбата на дете, остава порака кај своето дете дека е сигурно. Родител кој што панично реагира, не е сигурен во одлуката за здравјето на своето дете остава порака во очите на детето дека ништо не е во ред и возрасниот не занае како да го реши. Јасно е дека дете изложено на постојана дезориентираност и вознемиреност ќе покаже нарушување, не само во расположението како анксиозност, туку и во својата самодоверба.

Да не ги заборавам овде наставниците кои се уште не се обучени за соодветен пристап кон децата во врска со пандемијата. Во Македонија веќе има дојави за дискриминација кај деца заради прележан Ковид, преплашени наставници од пандемијата кои што несвесно го префрлаат стравот врз децата, најчесто кај најмалите кои сеуште не можат да ја разберат суштината на вирусот.
Носењето маски секако не е природна појава и долгорочно носење на маски, посебно кај деца во развој предизвикува промена во однесувањето. Моите сознанија за начинот на носење маски во нашите училишта ми укажува дека навистина сериозно треба да ги разгледаме протоколите и да се изработат соодветни на состојбата, такви во кои би се предвиделе поголеми паузи, настава на отворено, поголема физичка активност надвор од училница. Пет до осум часа носење маска со пет минутен одмор помеѓу часовите, би требало мошне сериозно да го замисли секој родител.

Од она што се забележува на терен и од училишните психолози и од самостојните психолози, долгорочното носење маски носи со себе последици и во развојот кај најмалите од 5 до 14 години. Поради актуелните развојни фази и воедно најбурниот развоен период кај децата, маската станува непосакуван механизам во емотивното изразување кај децата. Еден најосновен и највоочлив проблем е комуникацијата преку маски, притоа да не заборавиме дека комуникацијата е основна развојна потреба, точно за оваа група деца. Се забележало дека децата кои претходно имале проблеми во комуникацијата со своите врсници, биле повеќе внатрешно затворени и плашливи и започнуваат маската да ја користат за да ја сокријат непосакуваната емоција. Го покриваат лицето со маска и кога нема потреба од тоа, во ситуации во кои имаат потешкотии да делуваат. Кај по-отворените, по-комуникативни деца , по-темпераменти, маската предизвикува фрустрација и тие ја доживуваат како забрана за изразување.

Лидер: Дали носењето на маски стана нормална појава кај децата или создава страв и паника?

-Последната година се забележува и зголемување на панични напади, опсесивни застрашувачки мисли и опсесивни –компулсивни нарушувања кај се помладата популација.

Лидер: На што треба да се фокусираат властите во државата во делот на образованието по однос на психичкото здравје на учениците?

-Механизмите што би требало надлежните итно да ги спроведат е зголемување на бројот на училишни психолози и да обезбедат безбедна и одржлива комуникација на децата со истите. Обуки спроведени од страна на психолози за секој наставник да може соодветно да изгради здрави психички механизми за заштита кај децата од вакви ситуации. Спроведување на обуки за социјални и емотивно здравје и кај персоналот и кај децата, додава Чучкова-Лиценциран психолог со посебна училишна лиценца.