Сојузот на синдикати на Македонија честитајќи го Меѓународниот ден на жената бара еднаквост без родова или која било друга дискриминација.

– Стереотипите и ретроградните традиционални сфаќања се уште се присутни и без оправдани причини жените се помалку посакувана работна сила на пазарот на труд, помалку жени се на раководни функции и во преставничките органи, тоа секако негативно се одразува на севкупниот развој на државата затоа што ние жените сме речиси половина од популацијата, на која овие дискриминаторски ставови се однесуваат. Одлучно се залагаме за еднаквост и рамноправна положба во општеството, без стереотипи и предрасуди само така ќе постигнеме побрз развој и достоинствени односи во државата со целосно почитување на човековите права, се вели во честитката од ССМ.