До недела во земјава ќе се задржи стабилно време, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќните часови на места ќе има разведрување и утринските температури ќе се спуштаат под нулата. Во понеделник се очекуваат врнежи од дожд.