Гага, која во филмот ја игра Патриција Реџани, изгледаше сензационално додека позираше со колегата Адам Драјвер, кој за оваа пригода избра елегантен костум.

Впечатливата шминка за Гага ја создаде тимот на Charlotte Tilbury, кој искористи некои од најпопуларните производи за да го усоврши нејзиниот гламурозен изглед на црвениот тепих.

На тепихот ѝ се придружи Салма Хаек, која исто така блесна во прекрасен златен фустан. Салма ја играше Пина Ауриема во филмот „House of Gucci“.

Многумина предвидуваат дека филмот на режисерот Ридли Скот ќе биде еден од најголемите филмски хитови на годината. Сценариото за „House of Gucci“ е засновано на книгата на Сара Геј Форден „The House of Gucci: A Sensational Story of Murder, Madndess, Glamour and Greed“ и го потпишува Роберто Бентивења.