Огромна статуа на Исус Христос беше подигната пред неколку дена на сириско – либанската граница, објавија сириските медиуми.
Статуата висока 26 метри беше поставена на таканаречената Планина на крстот во регионот Ал-Каа, така што „гледа“ кон долината Бекаа, која беше бомбардирана од Исламска држава во 2016 година.
Статуата е изградена со донација од Фади Елиас Авад, за да служи како симбол на верата и отпорноста во регионот кој многу страдал.
„Таму каде што некогаш имаше страв и крв, сега има симбол на љубов и надеж“, се вели во соопштението на либанската општина.
