Но, она што паѓа во очи е тоа што наместо нови имиња кои би внеле нова свежина во редовите на партијата која изгуби секаков кредибилитет да продолжи да ја води државата, на синоќешната седница Централиот одбор на СДСМ за потпретседатели, именува луѓе кои на јавноста и се добро познати. Некои од нив дури и биле повлекувани од функцијата поради неспособноста, неуспехот и бројните скандали кои ги следеле додека биле на функција.
Таков е примерот на поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев кој поради неуспехот, бројните скандали и сериозните индиции за вмешаност во коруптивни афери не доби шанса ниту да се кандидира за втор мандат, а од друга страна синоќа од страна на Централниот одбор на СДСМ е избран за потпретседател на партијата. Тоа е големо разочарување како за членството така и општо за јавноста, бидејќи сите очекуваа дека СДСМ ја научи лекцијата и ја прими пораката од народот за погрешните погрешните политики кои ги водеше откако е на власт.
Стефан Богоев во јавноста е познат како близок пријател на Боки 13 кој е осуден за случајот „Рекет“ за кој Богоев беше беше викан на распит, а од друга страна и татко му Владо Богоев беше член на управниот одбор на Меѓународниот сојуз на Боки за што сѐ уште трае судскиот процес.
Според пишувањата на некои од медиумите кога Богоев бил кандидат за градоначалник Боки 13 му ја финансирал кампањата со кеш, а благодарение на тоа Богац ја имал најскапата индивидуална кампања за поединец во историјата на избори во Македонија.
Богоев беше доста критикуван и за трите договори со Агенцијата СП-М за сомнителни услуги во вкупен износ од 815.380 денари склучени со Никола Спасов, кој е син на Ѓорѓи Спасов, поранешен министер за правда, пратеник и генерален секретар на СДСМ (кој е и основач на Аленцијата Рејтинг). Договорите се склучени за анкета која требало да се спроведе на територија на Општина Карпош, која реално наместо да се фрлаат илјадици евра пари на граѓаните за фирми блиски до СДСМ, општината можела и самата да ја спроведе со едноставни прашања.
Името на Стефан Богоев покрај погореспоменатите се споменува и во аферата „Инкасатори“ како и во други коруптивни афери, а сега со новата функција која ја доби во СДСМ е лице кое го изгубило сопствениот кредибилитет, а ќе треба да го враќа кредибилитетот на партијата.