Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски преку статус на Фејсбук пишува дека општината доделила 10 грантови на фирми од нивната општина.

-ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА МАЛИ И МИКРО ФИРМИ И СТАР АП ФИРМИ ОД ОПШТИНА ГАЗИ БАБА.

✌️Денес имав одлична можност да ги доделам грантовите за финансиска поддршка на 10 фирми од општина Гази Баба.

👍Во рамки на своите надлежности како локална самоуправа подготвивме програма за финансиска поддршка на микро и мали фирми, занаетчии, семејни земјоделски стопанства и старт ап фирми.

👉Верувам дека со директната финансиска помош од општина Гази Баба ќе успееме да им помогнеме на малите фирми кои функционираат на нашата територија во набавката на нова опрема за развивање на својот бизнис.

📍Како градоначалник имам за цел, општината преку реализација на проекти од различни области да даде придонес и помош секаде каде што е потребно.

‼️Општината е дом на сите граѓани, а кога се работи чесно и домаќински од буџетот ќе се одвојат средства за реализација на се она што е потребно за нашите жители, стои во неговиот пост на Фејсбук.