Во фејсбук групата „Ѕид на Општина Гази Баба“, граѓаните повторно се жалат дека некој пали во депонијата „Вардариште“.

– „Вардариште“ постојано си гори и страшно смрди низ цело Маџари, а сите ние како глувци се криеме на топлото внатре и се молиме да не испоцркаме, се жали скопјанка.

– Во моментов на „Вардариште“ граѓани палат нешто, не се отвара прозорец, пече на очи, има ли еден инспектор кој ќе излезе и ќе реагира, секојдневно е ова, ама луѓе нè отруја, и не само нас сите дишете од отровите, се жали друг корисник на фејсбук.

Под една од објавите има одговор дека инспекцијата на Општина Гази Баба излегува на терен заедно со Противпожарната служба и полициски службеници.