Денес 16.08.2022 година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски го пушти во употреба мултифункционалното игралиште во Маџари направено на најсовремена тартан подлога.
За пуштањето во употреба, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Пуштено во употреба мултифункционално игралиште во Маџари.
Утрово го пуштивме во употреба мултифункционалното игралиште во Маџари изградено на најсовремена тартан подлога.
Ова е првото од вкупно седум игралишта кои ќе се изградат на територија на општина Гази Баба од кои пет ќе бидат со современа тартан подлога, а две со подлога од вештачка трева.
Инвестираме во спортската инфраструктура како никогаш досега. Проекти се реализираат насекаде низ општина Гази Баба.
Граѓаните се сведоци на новото време за нашата Гази Баба.
А ова е почетокот. Гази Баба ќе добие нов урбан и модерен лик! – напиша Стефковски.