Поставени куќички за бездомни кучиња на повеќе локации низ општина Гази Баба, објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Општина Гази Баба во соработка со ЈКП Гази Баба изработи и на повеќе локации низ општината постави куќички за бездомните кучиња. Оваа акција ја спроведуваме на предлог на повеќе граѓани со цел хуман однос кон мирните бездомни кучиња. Изминатиот период како општина во неколку наврати инициравме до ЈП Лајка организирање на акции за собирање на агресивните бездомни кучиња со цел заштита на граѓаните. Сите бездомни кучиња не се агресивни, истакна Стефковски.