Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е позитивен на коронавирусот и има благи симптоми, соопшти Стејт департментот.
Хина ја пренесува Белата куќа во веста дека дека американскиот претседател не бил негов близок контакт.
„Државниот секретар ќе се изолира дома и виртуелно ќе работи. Тој со нетрпение очекува да се врати во Стејт департментот и да ги продолжи своите должности и патувања што е можно поскоро“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Шефот на американската дипломатија беше целосно вакциниран, вклучително и со засилена доза, а неколку дена не се видел ни со претседателот Џо Бајден.
-Американскиот претседател не се смета за близок контакт на Блинкен, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.