Информацијата дека Ескобар разговарал со Додик во текот на денот, беше објавена на Твитер профилот на Амбасадата на САД во БиХ.

„Заканите за отцепување и доведување во прашање на реформите на државно ниво се антидејтонски и можат да донесат само изолација и економски очај кај граѓаните на Република Српска“, порача Ескобар, во моментов највисок функционер во Стејт департментот за Западен Балкан

Тој ја презеде функцијата претходно овој месец од Метју Палмер, кому му беше доделена задача да се справи со проблемот на реформа на изборниот систем во БиХ

Според објавата на Твитер, Ескобар ја повтори силната посветеност на САД кон суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ како единствена земја во која и Република Српска и Федерацијата БиХ и Округот Брчко се попросперитетни и посигурни кога лидерите се борат против корупцијата, го зајакнуваат интегритетот и правичноста на.изборите во БиХ и продолжување напред со реформите што носат економско закрепнување.

Предупредувањето од Ескобар доаѓа во момент кога претставниците на босанските Срби ја блокираат работата на централните власти на БиХ, обидувајќи се да изнудат укинување на законот за забрана на негирање на воените злосторства, воведен од поранешниот висок претставник во БиХ, Валентин Инцко.

Тие, исто така, се обидуваат да го спречат Кристијан Шмит да дејствува како актуелен висок претставник на меѓународната заедница, бидејќи сметаат дека тој е незаконски назначен на функцијата.

Во исто време, самиот Додик постојано се заканува дека ќе ја повлече РС од најважните реформи спроведени на државно ниво, како што се формирањето на вооружените сили на БиХ, Високиот судски и обвинителски совет, Судот и Обвинителството на БиХ и државата Агенција за истраги и заштита (СИПА).