Партијата ГРОМ на претстојните претседателски избори ќе излезе со свој кандидат.
Според информациите, се работи за актуелниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски.
Претходно, во јавноста се дозна и дека од СДСМ ќе се кандидира актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Засега во јавноста се познати кандидатурите на Арбен Таравари од албанскиот опозициски блок, Билјана Ванковска од Левица и Вело Марковски како независен кандидат.