Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина продолжува со нападите врз руските рафинерии за нафта и покрај барањата на американскиот претседател Доналд Трамп да престане со тоа. Путин најави и одмазда. Киев порача дека ќе ги прекине нападите врз руските енергетски објекти дури откако Москва ќе го направи истото, пишува „Ројтерс“.
Украинските напади се намалија откако Трамп во средината на октомври прогласи енергетско примирје, но од крајот на минатиот месец повторно се интензивираа.
Putin warned that Russian retaliation for Ukrainian strikes on energy infrastructure is “inevitable,” claiming Kyiv continues its attacks despite Trump’s appeals.
He demanded stronger protection of Russian energy facilities while insisting that domestic fuel supplies and gasoline prices have stabilized. Putin also claimed Ukraine’s “40-day plan” could not inflict critical damage on Russia and warned Europe against restricting Russian fuel exports. #Ukraine
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) November 24, 2026
„Гледаме дека режимот во Киев продолжува да ги напаѓа нашите постројки за преработка, и покрај апелот и директното барање на американскиот претседател да се воздржат од такви напади. Меѓутоа, властите во Киев го игнорираат тој совет“, изјави Путин на состанокот со владини претставници и раководители на нафтени компании во Кремљ.
„Поради тоа, сакам да нагласам дека мерките за одмазда од наша страна се неизбежни“, изјави рускиот претседател. На состанокот тој побара и воведување дополнителни безбедносни мерки за енергетските постројки.
Последици од нападите врз рафинериите
Според проценките на два извора од индустријата, нападите со украински беспилотни летала го намалиле вкупниот обем на преработка на сурова нафта во руските рафинерии за 45 проценти од крајот на октомври.
Неколку руски региони воведоа ограничувања за малопродажба на бензин и дизел по новиот бран украински напади врз рафинериите, пренесуваат локалните медиуми и властите.
Путин изјави дека состојбата на домашниот пазар на гориво и натаму е тешка, но дека цените на бензинот се стабилизирале откако во октомври го достигнаа највисокото ниво.
Европската Унија одлучи од 1 јануари целосно да ја прекине набавката на руски течен природен гас (ЛНГ) што се транспортира по морски пат. Минатата година испораките на руски ЛНГ во Европа изнесувале околу 13,7 милиони тони.
Според прелиминарните податоци на LSEG, извозот на руски ЛНГ во Европа во првите десет месеци од годинава се зголемил за околу 6,3 проценти во споредба со истиот период минатата година и достигнал вкупно 11,8 милиони тони.
Путин изјави дека напорите на Европа да го ограничи рускиот извоз на енергенси се покажале како контрапродуктивни. Тој тврдеше дека Русија ги проширува пазарите за продажба и сè повеќе го користи Северниот морски пат долж своето арктичко крајбрежје.
