Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче одржуваат прес-конференција по повод доаѓање на новата пратка вакцини.
Вакцините треба да пристигнат некаде во 13 часот во Клиничкиот центар, а по тој повод е закажано обраќање на медиумите на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.
Премиерот и министерот ќе дадат повеќе детали околу оваа пратка, односно која количина се и од кој производител.