Еден од првите некогаш произведени фотоапарати на „Лajка“, беше продаден на аукција во Германија за 14,4 милиони евра.
Прототипот на „Лajка 0 серија“ (сериски број 105) е стар речиси 100 години и е многу редок. Таа е една од првите камери со 35 мм калибар. Уредот му припаѓал на германскиот фотограф и пронаоѓач на 35-милиметарската камера – Оскар Барнак.
Наддавањето во Вецлер ги надмина очекувањата. Првично се очекуваше уредот да се продаде за два до три милиони евра.
Во 2018 година, друг „Лajка“ од нула серијата беше продаден за 2,4 милиони евра.