Молчи Зоран Заев, молчи Димитар Ковачевски, молчи СДСМ, молчи Владата, нема коментар за имотите вредни 14 милиони евра на македонски државјани во Дубаи. Едни од најчестите посетители на Дубаи се членовите на семејството Заеви, кои што објавуваат фотографии од луксузни апартмани и имоти, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Стоилковски:

-Членови на најблиското семејство на Зоран и Вице Заеви, како и други членови на семејството Заеви постојано објавуваат фотографии од луксузните имоти во Дубаи.

Почитувани,

Дали имотите во кои што престојуваат членови на семејството Заеви се во посед на некој член со презиме Заев?

Ако овие имоти се во нивни раце, колку пари се купени и како тие пари се стекнати?

Зоран Заев, ти како поранешен премиер треба да одговориш пред јавноста дали лица од твоето семејство поседуваат имоти во Дубаи? Народот заслужува да знае.

Дополнително ги повикуваме финансиските институции во Македонија да ги истражат наводите на новинарите од Норвешка и да утврдат дали имотите вредни 14 милиони евра во Дубаи се стекнати со пари заработени со криминал и корупција.

Ковачевски како премиер и поранешен заменик министер за финансии мора да излезе и да каже дали луѓе од неговото блиско опкружување се дел од лицата кои што поседуваат имоти во Дубаи, на свое или на име на други лица?

И Заев и Ковачевски можат да продолжат да молчат или да се обидат да ја лажат јавноста денеска, но треба да знаат дека за многу брзо од сега се ќе биде јавно и ќе има одговорност за секој криминал, порача Стоилковски.