ДКСК мора да отвори предмет и да покаже дали крвното сродство е пресудно за бизнисмени од СДСМ да добиваат тендери во скопска Дрисла. Антикорупциска мора да отвори предмет за механизацијата во Дрисла. Мора да се утврди зошто компанија којашто и сама поседува механизација, за изнајмување на багери за две години исплаќа 850 илјади евра на фирма заради којашто менувала и ставки во огласот од Дрисла? Притоа Договор е склучен во 4 очи. И над сето тоа дали стои крвно сродство меѓу добитник на договор, директор на ЈП со генералниот секретар на владата на СДСМ, праша денеска во изјава за медиумите, Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека ДКСК мора да отвори предмет и да испита наводите дали сестринството на мајките на Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев биле пресудни фирмата на струмичкиот бизнисмен да фактурира 850.000 евра за две години од Дрисла?

– ДКСК мора да одговори дали роднинството меѓу Рашковски и Пиперевалиев е причината за одливање на 850.000 евра од Дрисла? Доколку антикорупционерите не ја завршат улогата заради којашто се избрани, тие со своето неделување во случајот се соучесници во процесите на корупција во Македонија. Македонија тоне во корупција и тоа е евидентирано во сите извештаи. Корупцијата, непотизмот и протекционизмот, фаворизирањето на луѓе блиски на СДСМ и ДУИ ја турнаа Македонија во економска, енергетска, здравствена, образовна и каква се не криза, појасни Стоилковски.

Порптаролот додаде декаа се додека со институциите во Македонија владее политички ешалон на луѓе заштитници на криминалот и на корупцијата, Македонија нема да може да излезе од кризите во коишто тие ја втурнаа.

– Решение е само брзи предвремени парламентарни избори, дециден е Стоилковски.