Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во вечерашното гостување во „Емисијата 200“ на Алсат зборуваше зборувајќи за актуелните случувања, истакна дека меѓу луѓето од власта кои што не пријавуваат имот, а имаат позначително богатство позади себе има и човек кој е во пријателска и институционална поврзаност со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
-Има луѓе кои штo не пријавуваат, а имаат позначително богатство зад себе и врска со одредени министри. Само за вас ќе спомнам едно име, Добрин Петрушевски е името на човекот, член на Управен одбор поставен од Владата во ДСУ Киро Бурназ. Владата на 17 април го именува, Регионален центар за стручно образование и обука. Е сега ако го видите кој е Добрин Петрушевски има и вести, се вели: Продолжува рапидната бизнис експанзија на семејството Петрушевски од Куманово кое што е во пријателска и институционална поврзаност со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски“ цитирам вест која што барем лесно се пронаоѓа на алатката „Тајм.мк“, истакна Стоилковски.
Тој исто така додаде дека доколку една фирма три години не прикажала никаква добивка во УЈП и одеднаш отвора станици за технички преглед и бензински на чие отворање доаѓа цела влада, мора да се роди сомнеж од каде тие пари.
– Ако една фирма која што имала фирма 3 години и не прикажала никаква добивка преку УЈП во 3 години и одеднаш има некаква експанзија од неколку милиони евра и отвора бензински пумпи, станици за технички преглед и доаѓа цела влада предводена од заменик премиер како Оливер Спасовски и има видеа од тоа дека е отворена мора да се роди сомнеж од каде пари на таа фирма, потенцираше Стоилковски и додаде: Конкретниот случај што го посочив како ексклузивен пример, таткото е финансиер на СДСМ, а синот вози кола со флешери и станува збор за луѓе кои што се од кабинетот на Оливер Спасовски во МВР.