-Денес е 7 јуни, утре е 8ми, 9 месеци од 8 септември од пожарот во модуларната болница, уште нема никој одговорен, се уште е виновен продолжниот кабел. На 15ти јануари пристигнува извештајот од германската екипа која дојде на помош на обвинителството да направат истражување. Извештајот е 7 странички. Рекоа да, пристигна извештајот и сега треба да го преведеме. 5 месеци преведуваат 7 странички и сеуште никој не го видел, се заборави. Во една вака ситуација каде што живи горат за три месеца 60 луѓе, 14 во Тетово и 45 луѓе во автобусот на Беса Транс, никој не понесе одговорност. Единствено што добивме се изјавите: Ништо конкретно не добивме од истрагата – Рускоска и оној несреќникот Пивоваров што рече патниците во автобусот се виновни што не побарале лиценца дали има за меѓународен превоз автобусот кој што патем изглегува од државата, минува граница и инспекциските служби не влегоа внатре во фирмата неможеа да го најдат диреткторот да им отвори врата. Па кој млад што има прилика да избега би седел овде, кога може да биде жив изгорен и никој да не одговара за него, истакна Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Јади Бурек на ТВ Сонце.
Дополнително тој истакна дека апсурдно е да збориме за работните услови во државата, кога денес беше одбиена седницата за начинот на работа на Талат Џафери, ова однесување на СДСМ за да ја задржи и онака кревката власт е само пример за работодавците, вршители на јавните функции дека може да се однесуваат на овој начин надолу во хиерархијата и да не сносат никаква одговорност, од овие работни услови младите бегаат од државата.
Сето ова, целиот овој револт според Стоилковски ќе се искаже на големиот протест на 18ти јуни, бидејќи премногу е, навистина е премногу. Тој повика на поддршка и масовно приклучување кон протестот одрганизиран од ВМРО-ДПМНЕ, на кој ќе се виде гневот на народот и според него ќе биде почетокот на падот на владата на СДСМ и ДУИ.