Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов гостуваше во емисијата „Само Вистина“, при што кажа дека голем дел од граѓаните во Македонија го оправдуваат потегот на пејачот Ламбе Алабаковски.

– Изборот на контроверзна личност од стартот беше провокација. Ламбе е млад човек и од негови познати причини го запалил. Овој клуб беше отворен со таа намера, да биде запален и искршен, кажа Ангелов меѓу другото.

Ангелов смета дека ако не бил Ламбе, тогаш некој друг ќе го запалел клубот во Битола, иако смета дека никој не треба да направи таков чин.