Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во своето гостување во емисијата „Јади бурек” кај новинарот Јанко Илковски, говореше за молкот од страна на државата и Заводот за статистика кои што според новите податоци, кварталните извештаи за бројката на работоспособно население, вработени, невработени, активни баратели во Македонија. Рече дека од тие извештаи уловиле дека во првиот квартал од 2022 година, споредено со последниот квартал од 2021 година недостасуваат 214.514 работоспособни луѓе.

– Бројката на вработени од крајот на годината лани, само во првите 3 месеци оваа година, „имат снемано” што би рекле во Охрид, 214,514 работоспособни лица од Македонија. Односно, се иселиле. Оние автобуси што ги гледавме од Тетово, Струмица, од Битола од секаде што се товараа со млади луѓе и што заминуваат во странство, ова е резултатот. Што е интересното? Одоздола со фуснотичка пишува дека се калибрирани дел од бројките, согласно пописните резултати. Но, пред да се заврши пописот, како и секој друг попис беше кажано дека резултатите ќе бидат споредувани со она што е дата база во Агенција за вработување, дата база во МВР, дата база во здравство. Како е возможно, да Агенција за вработување има 215.000 лица повеќе или помалку? Тоа воопшто не е мала бројка и од ова треба да заклучиме колкав е егзодусот на работоспособно население во Македонија и на што се должи ова? Ако тргнеме, на што би се должело ова, дека во Македонија не се живее како во Германија? Како што нели, извадија работник да кажува дека во Македонија се живее како во Германија, рече Стоилковски.

Стоилковски додаде дека уште поинтересно е тоа што од декември до март, на оние што неактивно барале работа, односно во Завод се пријавиле или не се пријавиле, и запраша како може да има 103.778 помалку вработени, а таа бројка не оди на контото на оние невработени во Агенцијата.

– Од оние што имале работа, тој број е намален за 103.778, ако ја изгубиле работата сега, би требало да одат на конто на онаа бројка која што е за невработени. Но, таа бројка не е покачена туку и таа е падната за над 22.000. Но, што е најинтересно за периодот последен квартал 2021 и прв квартал 2022? – Заврши короната, народот уште повеќе бега! Македонија се празни, ова е страшна бројка и не можеш да градиш економија ако немаш работоспособна сила, нема кој да работи, додаде Стоилковски.