– Зошто велам мафијата, режимот и далеку над партиските интереси, бидејќи овие зафати кои што сега ги прави Зоран Заев фактички се во негова лична, лукративна размисла, дека доколку го затвори ова т.н. наметнато прашање од Софија, дека со тоа ќе успее да ја покачи својата вредност пред локалните избори во Македонија. Со самото тоа што се гледа дека она што владее во Македонија е режим, корупција и криминал препознаена од широки меѓународни фактори, посочи тој.
Стоилковски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ досега имаше практика на предупредувачки протести, и пред неколку месеци исто се организираа неколку предупредувачки протести околу слична тема кога повторно идентитетот беше доведен во прашање.
– Не смее да се заборави дека институционалниот идентитет е далеку во канџите на режимот на мафијата. Но, тоа што сега се прави од страна на власта е преговори кои што фактички ќе ја бетонираат состојбата, македонското прашање на светско ниво, појасни Стоилковски.
Тој подвлече дека тоа што Зоран Заев го порачува дека не преговара со Софија, туку преговара со Брисел, всушност значи дека Зоран Заев прифаќа оние барања, оние теми која што Софија ги наметнува да бидат дел од преговарачките рамки на ЕУ. А, со тоа Македонија нема да има никаков реален исчекор кон европеизација, односно станување членка на ЕУ додека на Софија барањата не бидат исполнети.