Просечна нето исплатена плата во првите две години на владите на СДСМ/ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ, според бројки од Државниот завод за статистика.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, објави споредба за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за првите две години.

СДСМ–ДУИ:

– јуни, 2017-та: 22.808 денари → јуни 2019-та 25.205 денари.

Раст: +2.397 денари, односно околу +10,5%.

ВМРО – ДПМНЕ:

– јули, 2024-та: 40.961 денар → јули, 2026-та 48.499 денари.

Раст: +7.538 денари, односно околу +18,4%.

Апсолутната разлика во растот е:

– 7.538 − 2.397 = 5.141 денар.

-Процентуалниот раст во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ е околу 75% повисок од процентуалниот раст во првите две години на СДСМ/ДУИ. Ако споредиме на просечно месечно ниво, просечната исплатена нето плата во времето на СДСМ/ДУИ растела 100 денари на месец, а за истиот период во време на ВМРО – ДПМНЕ 314 денари на месец ! Односно, во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ, пишува Стојаноски.