-Како ново раководство на Ѓорче Петров, правиме сѐ, за и во другите населени места таа да биде изградена што поскоро, додава тој.

-Бев во Орман, направив увид во работите, кои течат со забрзана динамика. Целта на сите ни е канализацијата да се изгради, а потоа, сите домаќинства да бидат приклучени на неа. Свесен сум дека има и места каде со години се чека доградба на оваа мрежа. Веќе заедно со службите правиме планови, но и го усогласуваме буџетот, за што поскоро да се отпочне со завршување и секако, конечно да се заврши истата! Верувајте, да имам можност, не би чекал ни минута, а посебно со оглед дека ќе има подобар живот за сите нас! И да, ќе бараме средства за изградба на нова пречестителна станица. Ќе бидеме пример за сите други општини, затоа што Ѓорче ќе е модерно, урбано, хумано, посочува Стојкоски.