Макрон вчера изјави дека ЕУ треба да дефинира нова одбранбена стратегија што ќе ја зајакне нејзината способност да се брани, иако трансатлантската алијанса на НАТО е корисна и ефикасна.

– Она што ни треба е повеќе капацитет, а не нови структури кои се натпреваруваат за капацитет, изјави генералниот секретар на НАТО Столтенберг на заедничка прес-конференција со француските министри за надворешни работи и за одбрана во Париз.