– Советот за унапредување на високото образование има три програми на кои ќе работи во следниот период, а тоа се: Клубот на менаџери – претприемништво и лидерство, Програма за развој на мали и средни бизниси и старт-ап бизниси и Институтот за извоз. Детално ќе бидат претставени сите три програмски содржини и активности за следниот период, посочуваат од Стопанската комора.
Програмите ќе ги презентираат Глигор Бишев, претседател на Советот за унапредување на високотo образование, Горан Петревски, потпретседател на Советот и Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија и проектен менаџер за развој на новите совети во Комората.