Франција регистрираше 464.769 нови инфекции со Ковид-19 во последните 24 часа, покажаа официјалните податоци во вторникот, што е највисока досега забележана бројка од почетокот на пандемијата, пренесува Ројтерс. Официјалните бројки покажуваат дека смртните случаи од корона вирус во болница се зголемиле за 288 и сега изнесуваат 100.339.
И во Италија има големи бројки – во вторникот објави 228.179 случаи на корона вирус. Еден ден порано беа 83.403 случаи. Имаше 434 смртни случаи поврзани со ковид, што е речиси 50 отсто зголемување од 287 пријавени во понеделникот.
Досега, Италија има регистрирано 141.825 смртни случаи поврзани со ковид од почетокот на пандемијата, втор најголем број во Европа по Британија и деветти најголем број во светот. Земјата досега има пријавено 9,02 милиони случаи.
Велика Британија известува за 438 дневни смртни случаи од ковид, највисоки во последните 11 месеци. Земјата пријави 94.432 нови позитивни случаи на Ковид-19. Вкупната бројка на починати изнесува 152.513 луѓе.