Во Албанија во последното деноноќие Ковид-19 е потврден кај 2.832 лица, што е највисока бројка на заразени во едно деноноќие од почетокот на пандемијата.
-Од направените 8.746 тестови вирусот е потврден каја 33 отсто од тестираните. Исто така во списокот на закрепнати се внесени 1.732 а починале шест лица, на возраст од 59 до 90 години, информираше министерството за здравство.
Моментно активни на болеста се 22.022 од кои болнички се третираат 130 пациенти при што 14 се во многу тешка состојба.
Претходно министерката за здравство огерта Манастирлиу ијави дека најголем број од новозаразените месецов се со Омикрон и го повтори апелот за што поитна имунизација.
Од 9 март 2020 година кога беа регистрирани првите два случаи, татко и син кои се вратија од кус престој во Италија, во Албанија според официјалната статистика, позитивни биле 236.486 од тестираните 1.589.635, оздравени се 211.187 а починале 3.277.